Јапонска компанија им дава на непушачите плус 1 недела годишен одмор
- Детали
- среда, 01 ноември 2017
Има многу бенефити од тоа да сте непушач – ќе живеете поздраво, подолго, поубаво, а ако работите во јапонската компанија Piala Inc, дури и ќе одмарате подолго.
Оваа компанија им дава на непушачите плус 6 дена платен одмор во годината, а причината не е ниту заради здравје, ниту за безбедност, туку само заради тоа да се биде фер и праведен.
Паузите за пушење цигара во тек на работно време траат отприлика 15 минути (со оглед на тоа што зградата има многу катови и губат многу време), па непушачите почнале да се жалат дека работат многу повеќе од оние кои прават паузи по неколку пати во денот за цигара.
Компанијата ја земала предвид нивната жалба и го анализирала проблемот, па CEO-то се согласил со нив.
Ако размислиме подобро, навистина е точен заклучокот, па со оглед на тоа, компанијата донела фер одлука.
Ете уште една добра причина луѓето да се откажат од пушењето.
М. М. | Црнобело