11 начини на кои можете да бидете уапсени во Дубаи
- Детали
- среда, 25 октомври 2017
Дубаи е отворено и пријателско место за гостите, но некои невообичаени закони таму може да направат туристите да бидат уапсени.
Ако се одлучите да го посетите ова место, внимавајте на овие 11 работи за да спречите проблеми за време на вашата посета таму:
Шетање разголени
Разголувањето во јавност е нелегално во Дубаи, за тоа може да бидете уапсени, па дури и затворени. Иако за повеќето општества ова е неприфатливо, владата на Дубаи и понатаму се држи до строги правила околу облекувањето во јавност.
Танцување во јавност
Дубаи има многу ноќни клубови, но тие се приватни и имаат посебна дозвола за функционирање. Танцувањето јавно се смета за навредливо и за нарушување на јавниот ред и мир.
Пцуење, користење непристојни зборови или правење груби гестови во јавност
Користењето на вулгарен речник во јавност, заедно со правењето непристојни гестови, може да направи да ве уапсат во Дубаи. Имало низа инциденти кога туристи биле апсени затоа што го покажале средниот прст за време на расправија околу сообраќајна незгода.
Интимна врска со спротивниот пол во јавност
За афера надвор од бракот може да бидете уапсени, а исто така ако патувате со партнерот таму или пак таму пронајдете партнер, не смеете да бидете премногу интимни во јавност. Туристи се апсени и за бакнување и држење за рака во јавност.
Да делите хотелска соба или да живеете заедно како невенчана двојка
Ваквото однесување е нелегално, но, за среќа, големите интернационални хотели не го проверуваат вашиот брачен статус. Пред патувањето добро истражете.
Ако сте обвинети за силување, а во некои случаи и ако сте жртва на силување
Во Дубаи може да ве затворат и депортираат за силување. Но, Емиратите се познати по контроверзната практика на апсење и на жртвата на силувањето, гледајќи на тоа дека таа била дел од вонбрачна афера.
Во случај да се најдете во ваква ужасна ситуација и треба да пријавите силување, прво известете ја вашата амбасада и обезбедете си адвокат покрај себе.