11 начини на кои можете да бидете уапсени во Дубаи
Пиење алкохол во јавност или на место без лиценца
Пиењето алкохол во Дубаи е дозволено само под одредени околности. Треба да биде продадено и пиено во лиценцирани ресторани и барови. Пиењето дома е во ред сѐ додека алкохолот доаѓа од лиценцирано место.
Увезување, продавање или користење дрога
Ова е строго забрането во Дубаи. Ако го прекршите, ќе бидете затворени и депортирани. Поседувањето на дури и најмала количина нелегални супстанци ќе ви донесе најмалку четири години затвор. Најлошото сценарио за тргување со дрога е смртна казна.
Промовирање добротворни акции на социјалните мрежи
На многу странци им е тешко да поверуваат, но промовирање на добротворни акции, без дозвола од владата, ќе ве доведе до апсење. Многу луѓе биле депортирани поради оваа причина, бидете внимателни.
Објавување на информации против владата
Од неодамна нелегално е луѓето во Дубаи да објавуваат нешто за поддршка на Катар, поради регионалната блокада. Ако објавите и нешто против владата на Дубаи, исто така ве чека казна.
Протестирање во јавност
Нелегално е да протестирате во јавност и да организирате големи собири на кои покажувате бес и незадоволство од владата или аристократските семејства. По ова, голема е веројатноста да завршите во затвор.
С. С. | Црнобело