На Родос забрането венчавање странци, заради безобразна фотка на младоженци од Англија
- Детали
- петок, 13 октомври 2017
Метју Лун ја сподели свадбената фотка со неговата сопруга Карли, клекната во венчаница, додека тој е со симнати панталони, без да очекува дека тоа ќе има крајно сериозни последици.
Метју и Карли се од Бирмингем и велат дека фотката ја направиле и споделиле заради забава.
Но, неговиот дедо не ја гледа смешната страна, па на кратко изјавил: „Згрозен сум.“
Венчавката се одржала на Родос, Грција, во манастирот Свети Павле, но локалците исто така не биле најсреќни со шегата од венчавката.
Сега највисокиот епископ на островот, Килиос од Родос, одлучи да ги забрани сите венчавки во овој манастир, за странските државјани.
„Како Грци си ги цениме традициите и светоста на нашите религиски места. Не можеме да дозволиме одвратното однесување да надвладее.“
Младоженецот се оправда откако фотката предизвика хаос во медиумите:
„Беше нешто што го направивме заради шега. Очекувавме повеќе смеење и шеги од луѓето, но не очекувавме да стане волку популарна.“
Се потсетуваме и на „безобразните“ младоженци кои ја направија истава фотка, но наместо критики, стекнаа светска слава.
М. Д. | Црнобело