Горните катови на Колосеумот во Рим за првпат ќе бидат отворени за посетители
- Детали
- петок, 06 октомври 2017
Колосеумот во Рим е едно од најзначајните обележја на цела Италија. За првпат во децении наназад, горниот дел од Колосеумот во Рим ќе биде отворен за посетители.
Амфитеатарот каде се одржувале борби со гладијатори е една од најатрактивните локации во Рим, а од 1 ноември, посетителите ќе можат да се качат до најгорните катови, на висина од околу 36 метри.
Овие делови во минатото биле резервирани за плебејците – најсиромашните жители на Рим кои се занимавале со земјоделие, па туристите и локалните жители ќе можат да искусат како плебејците ги следеле гладијаторските борби.
Билетите за овие делови биле најевтини бидејќи биле најдалеку од бината. Тука имало поставено дрвени клупи, додека во другите делови на амфитеатарот имало клупи од мермер.
Колосеумот во Рим го посетуваат околу 6 милиони луѓе годишно, а оваа новост што овозможува уште поубав поглед на најубавите делови од Рим сигурно ќе привлече уште повеќе посетители.
М. В. | Црнобело