Крв на лицето на Исус?
- Детали
- вторник, 22 јуни 2010
Црвена течност е снимена како тече на лицето на Исус Христос на приказот на последната вечер. Локален свештеник, отец Jorge Gandur, додава дека крвта...
... доаѓа од една рана на левата страна на челото предизвикана од бодликавата круна.
Дамките за прв пат биде забележани минатиот петок, од страна на двајца мажи. Тие го пријавиле сомнителниот случај кај отецот, а тој земал примерок поради анализа за да се утврди дали се работи за крв или за нешто друго.
Откако веста стигнала до локалните медиуми, многубројни верници побрзале во црквата како самите би се увериле во чудото.
Стотина луѓе се молеле на улиците кои водат до црквата. Подрачјето станало толку исполнето, што свештениците неделната миса ја држеле на улица.
Сепак, отец Gandur предупредува на тоа да не се носат прерани заклучоци. "Ако е ова нешто Божје, ќе има континуитет. Но, ако е од човек, брзо ќе исчезне", вели тој.
Католичката црква е внимателна околу оценувањето на таквите "чуда", бидејќи многу од нив сепак се покажале за лажни.
Пред 5 години, статуата на Свети Пие (свештеник кој живеел во 20 век), почнала да пушта крв во црквата во еден италијански град, но по тестовите се покажа дека таа крв всушност и припаѓа на една жена.