Ураганот Ирма не им ја уништи смислата за хумор на жителите на Флорида
- Детали
- среда, 13 септември 2017
Изминатиов период, светот е преплавен со трагичните вести за природната катастрофа наречена ураганот Ирма.
Силниот ураган ја повлече водата на Бахамите, пустошеше низ Мајами, а направи и огромни штети на Флорида.
Сепак, во „сончевата држава“, како што ја нарекуваат Флорида, ураганот не успеа да им го уништи духот на жителите кои се инаку познати по својот оптимизам и позитивна енергија.
Дел од нив преку хумор ѝ се спротивставија на Ирма, па на тој начин полесно ги поминаа сите кризи и опасности кои произлегуваат од вакви страшни ситуации.
Погледнете ги интересните фотки кои се доказ дека смислата за хумор секогаш треба да се негува, па дури и во најтешките моменти во животот:
М. В. | Црнобело