Пустошот после ураганот Ирма (фото)
- Детали
- понеделник, 11 септември 2017
Ураганот Ирма веќе се вброи помеѓу најсилните урагани кои пустошеле низ Соединетите Американски Држави, а сè уште претставува опасност за населението во тој регион.
Штетите се огромни, а бројот на жртви секојдневно се зголемува. Овој ураган сруши неколку рекорди во историјата на природните катастрофи во регионот на цела Америка:
Повеќе од шест милиони луѓе беа евакуирани од Флорида, што е најголема бројка на евакуирано население досега.
Скоро 95% од зградите во Барбуда беа оштетени за време на Ураганот Ирма.
Ирма е најсилниот ураган што некогаш се случил во околината на Мексиканскиот Залив и Карипското Море.
Досега никаде не биле измерени ветрови со јачина од 297 километри на час што севкупно траеле 37 часа.
Погледнете дел од фотографиите кои сведочат за моќта на ураганот Ирма и неговите последици:
М. В. | Црнобело