Свадба од 25 милиони долари во Италија: Покрај Јадранско Море, украсена со 8 тони цвеќе
- Детали
- петок, 01 септември 2017
Ќерката на Џеф Сутон, њујоршкиот „крал на недвижности“ се венчаше, а свадбата се одржа со церемонија со поглед кон Јадранското море пред 400 гости.
Рене Сутон и нејзиниот сегашен сопруг Елиот Коен направија свадба со еврејски обичаи, а местото во Апулија се подготвуваше 4 дена.
Нејзиниот татко милијардер кој е 522-иот најбогат човек на светот потрошил речиси 25 милиони долари (или околу 21 милион евра) на екстравагантност, што ја прави една од најскапите свадби.
Тој и неговата ќерка пристигнале на церемонијата со кочија, а 100-тина локалци се собрале во околината да ја гледаат истата.
Сите гости долетале од Њујорк до Италија, а магнатот потрошил 5 милиони долари (околу 4 милиони евра) на нивните летови.
Повеќе од 8 тони цвеќиња пристигнале директно од Холандија, а таткото изнајмил и барови на плажа со неограничени пијалаци и храна за гостите да можат да се забавуваат во меѓувреме.
Ако досега не сте знаеле, погледнете како изгледа свадба која чини 25 милиони долари и проценете дали вреди:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





