Средношколец си ја земал 93-годишната баба за партнерка на матура
- Детали
- четврток, 06 април 2017
Конор Кемпбел, средношколец од Јужна Каролина, си ја земал својата 93-годишна бабичка, Бети Џејн Кин, на неговиот матурски танц.
Конор една година претходно и ветил на баба му дека токму таа ќе биде негова партнерка за матура.
Кога времето конечно пристигнало, неговата баба била пресреќна што ќе може да одбере нов фустан за матура со нејзиниот внук.
„Имав каталог од бутикот од кој постојано купувам облека. Кога свртев страна и го видов овој светло розов фустан со светла наметка, се сетив колку добро изгледав во розово кога бев млада,“ вели бабата.
Бети си закажала и шминка и фризура, бидејќи сакала да го направи внукот горд.
Но, нејзиниот омилен дел од целиот настан?
„Танцувањето со Конор. Мислам дека тоа беше најубавиот дел.“
„Ми го стопли срцето,“ раскажува пак мајката на Конор. „И двајцата поминаа прекрасно. Никој не ги присили на вакво нешто. И двајцата среќно раскажуваат колку беше прекрасен тој момент.“
М. Д. | Црнобело