Би седнале ли на пенис? Контроверзна кампања против сексуалното насилство (видео)
- Детали
- вторник, 28 март 2017
Вистински шок и помешани чувства меѓу патниците во метрото на мексиканската престолнина предизвика столчето во облик на машко торзо и со пенис на седиштето.
Мексиканското градско метро преку ноќ пропатува низ сите краеви на светот, благодарение на „седиштето со пенис“ , вградено во еден од возовите. Не е во прашање никаква невкусна шега, туку наменски детаљ во склоп на кампањата против сексуалното насилство врз жените.
Седиштето е „резервирано“ само за припадниците на посилниот пол, а веднаш до него, пак, на подот е достапно следното објаснување за патниците:
„Неудобно е да седите на ова столче, но таа непријатност не е ништо во споредба со сексуалното насилство од кое страдаат жените во секојдневниот живот.“
Воедно, акцијата е и апел дека секој патник има право на достоинствен третман во јавниот превоз, без неумесни дофрлувања, допири или било каков облик на недолично однесување.
Кампањата привлече огромно внимание, што е добра вест, ако тоа подразбира и дека поголем број на луѓе ќе станат свесни за шокантната статистика. Дури 9 од 10 жени во Мексико, секојдневно се изложени на некаков вид на сексуално вознемирување, а метроата не се исклучок.
Сепак, мислењата се поделени. Генијален или бизарен потег?
Погледнете го видеото и донесете свој заклучок.
https://www.youtube.com/watch?v=7RWWLbg8tuE
М. А. | Црнобело