Копенхаген е првиот град кој има повеќе велосипедисти отколку автомобили
- Детали
- четврток, 01 декември 2016
Главниот град на Данска со право може да го прогласиме за најпаметен град кога се работи за превозот бидејќи има повеќе велосипеди отколку автомобили. Дали и другите градови ќе успеат да го следат успехот?
Минатата година во светот на велосипедистите се приклучиле 35,080 луѓе кои го користат овој тип на превоз секојдневно, за годинава вкупната бројка (265,700) да биде поголема од бројот на автомобили (252,600).
Свеста за користењето на велосипеди, наместо автомобили е зголемена за 68% во последните 20 години.
Возењето велосипед од обична, секојдневна активност стана белег на градот.
До 2019-та се очекува во градот да се изгради метро екстензија за велосипеди, која ќе создаде мрежа по која велосипедистите ќе може да стигнат до секој дел од градот безбедно и брзо.
М. Д. | Црнобело