Убавините на Сирија пред почетокот на војната
- Детали
- понеделник, 24 октомври 2016
Војната е едно од најголемите зла кое човештвото си го нанесува самото на себеси.
Водени од ненаситената желба за што поголема моќ, влијание, пари... во состојба сме да не почувствуваме ни најмало треперење на раката при убивањето на сосема невини луѓе чија единствена грешка е што се родиле токму на тоа место.
Луѓето често знаат да кажат дека на Земјава постојат места кои се како предодредени да трпат страдања и болка. Сирија е очигледно едно од нив.
Сето она кое земјата имала да го понуди денес е срамнето со земја, само некаде ќе забележите разурнати храмови, споменици, продавници кои немо сведочат за тоа што некогаш претставувала оваа земја.
Ова е Сирија, среќна, безгрижна, зелена и пред сè мирна, без војна, без опсади, без авиони над неа, без смрт и убивања:
М. С. | Црнобело