Првиот супермаркет во светот кој продава храна пред изминување на рокот
- Детали
- понеделник, 26 септември 2016
На глобално ниво, една третина од произведената храна, односно околу 1.3 милијарди тони се расипува или се фрла.
Како резултат на тоа, има над 795 милиони луѓе во светот на кои им е оневозможен пристап до здрава храна.
Велика Британија го отвори првиот супермаркет кој продава храна чиј рок на траење се ближи до својата граница или пакувањата на производите се вдлабнати или малку оштетени.
Со мотото „Плати колку што мислиш“, оваа иницијатива им помага на луѓето со ограничен или мал финансиски буџет, да им овозможат правилна и здрава исхрана на членовите на своето семејство.
Идејата е на глобалната органска мрежа „The Real Junk Food Project Charitable Foundation“, а нивната мисија е да се осигураат дека следните генерации нема да страдаат од нашето незнаење.
Отварањето на 21-ви август го означи враќањето на надежта за сервирање пристоен оброк за голем број на семејства, кои не можат да си го дозволат тој луксуз.
Прекрасна иницијатива, зарем не?
(О)Милена | Црнобело