Во Белгија се посла „тепих“ од 600.000 природни цветови (фото)
- Детали
- понеделник, 29 август 2016
Тепих изработен од 600.000 свежи цвеќиња го краси главниот плоштад во Брисел, Белгија.
Масивни 1.000 m2 покриени со цветови во сите бои откриваат различни пејзажи на птици, ветар и море, а оваа изработка се должи на 150-годишната белгиско-јапонска традиција, како симбол на нивното пријателство.
Тепихот е дизајниран од страна на непрофитабилна организација, со помош на волонтери, илустратори, графички дизајнери и професионални градинари.
Инспирацијата за изработка потекнува од естетиката на јапонските цртежи, а цвеќињата го симболизираат минувањето на времето и промената на годишните времиња.
Погледнете како изгледа цветното пријателство:
(О)Милена | Црнобело