Низ фотографии: Зошто Лондон се сметал за најморничав град?
- Детали
- среда, 10 август 2016
Кога ќе ги слушнете зборовите супа од грашок најверојатно мислите токму на тоа, супа во која има грашок, но во англискиот јазик комбинацијата „pea soup“ служи и како метафора за еден тип на густа магла во која Лондон се давел на почетокот на 20-от век.
Овој тип на магла бил познат и како црна магла или магла убиец, бидејќи се состоела од честички на сулфурен диоксид кој е отровен, а настанал како резултат на согорувањето на ќумур во домовите и фабриките.
Маглата била потенцијално смртоносна, посебно за постарите личности и оние кои имале проблеми со дишењето.
Овој тип на магла кулминирал во 1952-та година, заради што, четири години подоцна, во Велика Британија бил потпишан договорот за чист воздух.
Но, претходно се проценува дека починале повеќе од 12.000 луѓе токму заради загадувањето од сулфурен диоксид.
Овие морничави фотографии се сведок за маглата во Лондон:
Н. Г. | Црнобело