Личниот тренер кој вежба за да остане жив (фото)
- Детали
- вторник, 26 јули 2016
Личниот тренер од Белфаст, Бен Маџ не е обичен бодибилдер - тој не вежба само за да изгледа добро и здраво, туку и да се одржи во живот.
Маџ има цистична фиброза, болест која настанува заради мутација на генот „цистична фиброза трансмембрански спроводен регулатор“ и која резултира со акумулација на густа леплива слуз и чести инфекции на градите.
Луѓето кои ја имаат оваа болест не живеат повеќе од 30 до 40 години.
Маџ во текот на целото свое детство имал проблеми при дишењето и одржувањето на тежината.
„Секогаш бев свесен дека нешто не е во ред со мене. Морав да пијам апчиња при секој оброк, а другите деца тоа не го разбираа.“ - вели тој.
Докторите му препорачале да јаде висококалорична храна, но знаел дека тоа не е здраво и нема да му помогне, па наместо тоа решил 5 дена од неделата да тренира, сè додека не станал личен тренер.
И покрај тоа што сега е успешен тренер тој мора сè уште да пие лекови за да ги одржува здрави своите бели дробови и знае дека мора и да одмора, но тоа не го спречило да се бори за својот живот и да стане успешен.
Н. Г. | Црнобело