Руска венчавка од $2 милиони долари: Пееле Maroon 5, невестата променила 3 фустани и носела тијара
- Детали
- четврток, 09 јуни 2016
Ким и Канје, повлечете се. Милијардерот Самвел Карапетијан го ожени својот син Сарагис со екстравагантна свадбена церемонија.
Самвел е руски бизнисмен кој се наоѓа на 28-то место на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот, па затоа можеше да си дозволи да ги плати Maroon 5 за да ги забавуваат гостите.
Салата во која се одржала венчавката била украсена со свежи цвеќиња и лажни дрвја, а темата веројатно била некоја бајка.
Невестата Саломе променила 3 венчаници, од кои едната е дизајн на Ели Сааб.
Покрај тоа, носела и накит од Тифани вреден $200.000 долари, вклучувајќи ја и тијарата која ја носеше Кери во филмот Големиот Гетсби.
Тортата која ја сечеле младоженците била 2 метри висока и обложена со свежи бели цветови.
Прослава вредна повеќе од $2 милиони долари:
М. Д. | Црнобело