Пош дизајнира хотел во Дубаи?
- Детали
- среда, 27 јануари 2010
На Викторија Бекам и се понудени 25 милиони фунти за да дизајнира луксузен хотел во Дубаи. Поранешната Спајсица била лично повикана од...
...шеикот Mohammed bin Rashid al-Maktoum, еден од лидерите во Дубаи, кој побарал од неа да го насочи својот талент на малку поинаков талент.
Хотелот ќе биде лоциран на тематсиот остров Isla Moda, кој е дел од архипелагот кој го претставува светот и е составен од 300 острови кои го претставуваат светот.
Извор наведува: “Иако се тешки времиња сумата која и е понудена на Викторија е астрономска. Таа остана апсолутно вкочанета и изненадена.“
Викторија сеуште нема одлучено дали да ја прифати понудата, но ако потпише, таа ќе работи со Карл Лагерфелд на оваа т.н. креација на хотел.
Викторија секогаш бара начини да го прошири својот бизнис, но во моментов е ангажирана околу модната недела во Њујорк која се случува наредниот месец.