Доктор од САД се нема избањато пет години: „Си ги мијам рацете, но нема потреба од туширање“
- Детали
- сабота, 09 декември 2023
Доктор од САД вели дека се нема избањато цели пет години бидејќи воопшто немало потреба од тоа. За повеќето, ова звучи одвратно, но тој стои на ставот дека туширањето не е воопшто неопходно.
Д-р Џејмс Хамблин верува дека претераното капење може да биде штетно.
Имено, тој во интервју за „The Aspen Institute“ откри дека цели пет години не користел сапун, шампон за туширање или крем за тело. А, еве и зошто:
„Едно е да се внимава на хигиената поради лични и естетски преференци, а друго е поради хигиената, односно јавното здравје. Да, ги мијам забите бидејќи така ќе спречам инфекции во усната шуплина. Ги мијам и рацете бидејќи тоа спречува респираторни инфекции. Но, кожата знае како да се заштити“, објасни докторот.
Во својата книга „Clean: The New Science of Skin“, д-р Хамблин истакнува дека кожата е првата линија на одбрана од болести.
„Организмите и бактериите кои живеат на вашата кожа играат важна улога за вашето здравје. Ако се обидете да ги елиминирате, би можеле да станете поранливи. Тоа може да влијае на здравствените проблеми како што се алергиите на јаткасти плодови, на пример“, вели тој.
Тој тврди дека состојби како што се алергиски ринитис, астма и егзема можат да бидат предизвикани од прекумерна употреба на антибактериски сапун.
Сепак, другите производи за нега, како што се шампоните, геловите за туширање и дезодорансите, исто така би можеле да бидат виновници.
„Нашите стапала мирисаат поради бактериите, како што е Bacillus subtilis. Продавачите нѐ уверуваат дека треба да купуваме сапуни и шампони за стапала, но мислам дека водата е доволна“, истакна тој.
Д-р Хамблин здравјето го одржува со плакнење со вода, но миењето раце со антибактериски сапун го смета за пресудно особено кога станува збор за коронавирусот.
С. Ш. | Црнобело