Татко на сијамски близначки: „Ако правиме операција за одвојување, едната од нив ќе умре“

„Требаше да одлучам дали ќе си го убијам едното дете за другото. Тоа е нешто што не можам да го направам. Не можам јас да одлучувам кој ќе живее“, вели маж од Сенегал кој со неговите сијамски близначки живее во Англија бидејќи таму имаат подобра медицинска нега.

tatko-na-sijamski-bliznachki-ako-pravime-operacija-za-odvojuvanje-ednata-od-niv-kje-umre-01.jpg

Сијамските близнаци се реткост, а во некои случаи возможно е да бидат раздвоени.

Сепак, некогаш тие делат важни органи и операцијата за раздвојување е или невозможна, или премногу ризична.

А, во некои случаи, лекарите прогнозираат дека нема да живеат долго.

Ибрахима Ндиаје од Сенегал е татко на сијамски близначки – Мариеме и Ндеје – за кои лекарите рекле дека нема да живеат подолго од неколку дена по раѓањето.

Но, денес девојчињата имаат седум години.

tatko-na-sijamski-bliznachki-ako-pravime-operacija-za-odvojuvanje-ednata-od-niv-kje-umre-04.jpg

Близначките се споени во областа на стомакот. Тие имаат посебни срца и бели дробови, но делат црн дроб, мочен меур, дигестивен систем, како и три бубрега.

Несомнено, грижата за сијамски близнаци сигурно бара огромна одговорност, но нивниот татко вели дека е привилегија.

„Да добиете сијамски близнаци е нешто што сигурно не сте го очекувале. Нешто што не сте го ни помислиле. Нема да се преправам дека е лесно.

Но, ова е огромна привилегија, ова е благослов. Се чувствувам среќен што ја сведочам нивната постојана борба за живот“, вели тој во документарец на BBC.

tatko-na-sijamski-bliznachki-ako-pravime-operacija-za-odvojuvanje-ednata-od-niv-kje-umre-08.jpg

Ибрахима вели дека бил мошне изненаден кога му кажале дека ќе има сијамски близнаци бидејќи со сопругата очекувале само едно бебе.

„Имав читано за сијамски близнаци. Но, никогаш не помислуваш дека нешто такво ќе ти се случи тебе“.

tatko-na-sijamski-bliznachki-ako-pravime-operacija-za-odvojuvanje-ednata-od-niv-kje-umre-03.jpg

Она што го исплашило повеќе била изјавата на лекарите дека девојчињата нема да живеат повеќе од неколку дена.

„Се подготвував да ги изгубам. Единственото нешто што можев да го направам е да бидам покрај нив, да не им дозволам да бидат сами.

Но, поминаа две недели, четири недели… Почнавме да се надеваме и ни стана јасно дека пред нас имаме воини“.

tatko-na-sijamski-bliznachki-ako-pravime-operacija-za-odvojuvanje-ednata-od-niv-kje-umre-06.jpg

Ибрахима открива дека во Сенегал, лекарите мислеле дека девојчињата имаат шанси за преживување единствено ако се разделат со операција.

Сакајќи второ мислење, тој и сопругата почнале да контактираат болници во Белгија, Германија, Норвешка Шведска…

На крај, одлучиле дека е најдобро да ги однесат во болница во Лондон, каде што им рекле дека можат да направат операција за раздвојување.

tatko-na-sijamski-bliznachki-ako-pravime-operacija-za-odvojuvanje-ednata-od-niv-kje-umre-02.jpg

Уште пред да наполнат една година, Ибрахима ги однел девојчињата во Лондон.

Но, тестовите покажале дека срцето на Мариеме е премногу слабо и таа најверојатно нема да ја преживее операцијата.

На крај, Ибрахима и сопругата одлучиле дека нема да ризикуваат.

„Требаше да одлучам дали ќе си го убијам едното дете за другото. Тоа е нешто што не можам да го направам. Не можам јас да одлучувам кој ќе живее, а кој ќе умре“.

tatko-na-sijamski-bliznachki-ako-pravime-operacija-za-odvojuvanje-ednata-od-niv-kje-umre-05.jpg

Бидејќи во Англија добиваат подобра медицинска грижа, сега Ибрахима и близначките живеат во Кардиф. Нивната мајка, пак, се вратила во Сенегал за да се грижи за другите деца.

А, Ибрахима вели дека е пресреќен што се грижи за ќерките.

„Јас имам одговорност да се осигурам дека девојчињата имаат некој кој е овде за нив. Кога уште на почетокот ќе ви кажат дека нема иднина, живеете за сегашноста.

Потполно сум внесен во ова патување. Се борам за овие девојки и секој ден ја гледам нивната борба“.

Ибрахима истакнува дека е пресреќен што е татко на две прекрасни девојчиња.

„Имаат постигнато работи за кои другите мислеа дека се невозможни. Од каде им е таа сила… не знам. Многу ме радуваат. Благослов е да се биде нивен татко“.

За крај, Ибрахима вели дека секој родител кој е во слична положба не треба да се откажува и треба да го користи секој миг за да го слави животот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg