Донатори за мумификација?
- Детали
- среда, 13 јануари 2010
Британската телевизиска компанија Fulcrum TV бара пациенти кои имаат неизлечлива болест и кои би го донирале своето тело за мумифицирање.
Мумифицираното тело би се прикажало на документарец на Channel 4 каналот. Претставник на овој канал изјави дека се подготвува значајна сума на финансии во проект кој се одвива заедно со независна продукциска куќа Fulcrum TV, каде ќе се прикаже се', доколку најдат пациент кој е подготвен да го донира своето тело за емисијата за египетскиот процес на мумифицирање.
Тој исто така додал дека Fulcrum соработува со неименувани научници во истражувањето на мумифицирањето.
Ако се добие зелено светло, ова ќе може да го проследиме низ документарец кој ќе ги натера луѓето да размислуваат поинаку за смртта.
Освен тоа што веќе се објави рекламата дека се бара некој кој знае дека умира поради можна донација, тоа не е се што сакаат од таа личност.
Исто така планираат да снимат и документарец и за самиот донатор, така што публиката би знаела за кого се работи, а можеби потоа и би му го изложиле телото во музеј.
Аутопсија прикажана на Канал 4 пред 8 години, добила 130 приговори. Прашање е само како публиката ќе реагира овој пат.