Еден од гостите носел само чорап на половиот орган – Сите детали за „голата забава“ во Москва каде беа уапсени голем број познати личности
- Детали
- петок, 29 декември 2023
Приватна забава во Москва стана топ тема во светските медиуми. Полуголите руски ѕвезди завршија на социјалните мрежи, а потоа некои од нив се соочија и со затворски казни заради недолично облекување и ширење ЛГБТ пропаганда - нешто што е забрането во Русија.
Низ руските, но и во светските медиуми топ тема е „голата забава“ во Москва која резултираше со голем број апсења на познати личности и јавни извинувања. На удар се најде организаторката, но и голем број познати личности кои беа присутни на забавата.
Што всушност се случило?
На 21-ви декември во ноќниот клуб „Мутабор“ се одржала „речиси гола“ забава, која била организирана од блогерката и ТВ презентерка Анастасија Ивлеева.
Наброз по почетокот на забавата, на социјалните мрежи беа објавени голем број фотографии на кои се гледа дека гостите дошле во проѕирни аутфити, речиси голи, а најпроблематично било појавувањето на раперот Vacio (Николај Василев), кој на настанот се појавил само со чорап врз половиот орган.
По ова, руските власти влегле за време на втората вечер од настанот, со цел да проверат дали се врши ЛГБТ пропаганда, што законски е забранета во Русија.
Откако било откриено дека некои од посетителите навистина ги пропагирале овие движења, на голем број познати ѕвезди им биле откажани концертите, емисиите им се забранети, а организаторката била под истрага од страна на даночните власти.
Јавни извинувања преку видео пораки
Голем број познати личности упатија пораки со извинување, а меѓу нив и организаторката која појасни дека целта на забавата била да се објават необјавените фотографии направени за магазинот Playboy кој во 2022 си замина од Русија.
Меѓу оние што јавно се извинија е и пејачот Дима Билан, кој победи на Евровизија во 2008-ма година.
Тој беше меѓу присутните на забавата, а потоа упати видео порака до руската јавност во која рече дека знаел за дрес кодот на забавата.
„Не можев да знам што ќе си дозволат другите да носат. Можам да одговорам само за себе. Немав објави од оваа забава на моите профили на социјалните мрежи и не сум објавил ниту една фотографија“ – рече тој.
Раперот Vacio кој беше уапсен затоа што на настанот се појави само со чорап врз половиот орган се извини јавно:
„Сам го креирав изгледот и сакав да ги изненадам присутните на овој приватен настан. Како резултат на тоа, се најдов во видеата на некои присутни на забавата што воопшто не ги познавам“ – рече тој и нагласи дека целта не му била да вознемири никого, ниту пак да му даде поддршка на ЛГБТ движењето.
Организаторката, пак, за крај рече дека сите средства што се собрани од билетите ќе одат во добротворни цели.
Б. С. Б. | Црнобело