Во 2008 победи на Евровизија, а по борбата со ковид го смени имиџот – Како изгледа Дима Билан денес?

Во родната Русија Дима Билан е еден од најпрепознатливите и најпопуларните пејачи. Благодарение на триумфот од Евровизија во 2008 година, Билан стана популарен и кај светската публика.

vo-2008-pobedi-na-evrovizija-a-po-borbata-so-kovid-go-smeni-imidzot-kako-izgleda-dima-bilan-denes-01 (1).jpg

Тој на сцената на Евровизија за првпат се појави во 2006 година, кога заврши на второто место, а само две години подоцна триумфираше.

На Евровизија во 2006 година со песната „Never let you go“ ги освои срцата на гледачите ширум цела Европа и на Русија ѝ го донесе второто место. Тогаш победата му избега за малку, победата ја однесоа дома рокерите „Лорди“ од Финска, но затоа во 2008 година на евровизискиот натпревар во Белград успеа да триумфира.

Vo-2008-pobedi-na-Evrovizija-a-po-borbata-so-kovid-go-smeni-imidzot-kako-izgleda-Dima-Bilan-denes-02.jpg

Дима ја оправда довербата на Русите, кои го испратија по вторпат, и победи со песната „Believe“. Во 2019 година, руските медиуми пишуваа дека не се исклучува можноста Билан да си ја проба среќата на евровизиската сцена и по третпат.

Vo-2008-pobedi-na-Evrovizija-a-po-borbata-so-kovid-go-smeni-imidzot-kako-izgleda-Dima-Bilan-denes-03.jpg

Денес пејачот има 40 години и сè уште се занимава со музика. Зад себе има низа хитови, а многумина го споредуваат со Енрике Иглесијас.

Ако го следите на социјалните мрежи, ќе забележите дека пејачот доста се променил во однос на изгледот во последните години.

Во јануари годинава откако го прележа корона вирусот тој реши дополнително да експериментира со сопствениот имиџ.

Како што пишуваат руските медиуми, Дима мошне тешко се справил со болеста, а вирусот влијаел и на неговата физичка состојба но и на него целокупно. Затоа по справувањето со болеста прво одлучил косата да ја обои розова, а потоа сина.

Тој заминал на одмор на Малдивите со сина коса, но не се чувствувал удобно, па ја затемнил, за потоа од одморот да објави фотографии на Инстаграм на кои косата е скратена на „нула“.

На последните објави на Инстаграм и на другите социјални мрежи, Дима Билан е со кратка бланширана коса.

Тој постојано е дел од руските музички талент шоуа, како член на жирито, а последно беше дел од пилот проектот #tiktoctalant на fridaytv.

Дима влезе и во актерските води и е дел од многу руски филмови и серии.

Кога станува збор за романтичните врски Билан беше поврзуван со Анастазија Петрова, учесничка во тамошното реално шоу „Пацанки“.

Иако имаше поголем број видеа и фотографии од нив двајца на социјалните мрежи, сепак нема официјална потврда дека тие двајца се во врска.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg