Тинејџерка со синдром на пребрзо стареење, ги надмина очекувањата и го прослави својот 15-ти роденден
- Детали
- понеделник, 18 јануари 2016
Како и многу други млади тинејџерки, малата Магали Гонзалес сака музика, танцување, светки, розово и шминка.
Но, за разлика од нејзините пријателки, оваа тинејџерка има тело на 90-годишна жена и веќе одамна ги надмина очекувањата дека ќе живее до својата 13-та година.
Магали од Колумбија е една од неколкуте луѓе ширум светот кои страдаат од болеста прогерија или уште познат како, Хатчинсон-Глифорд Прогерија синдром – екстремно ретка генетска состојба на прерано и забрзано стареење.
Докторите не верувале дека ќе преживее, но го прославила својот 15-ти роденден кој во Јужна Америка е познат и како quinceañera, онака како што во Америка постојат Слатките 16.
Облечена како принцеза, Магали го прослави својот 15-ти роденден:
Н. Г. | Црнобело