Го пречекала со матичар
- Детали
- четврток, 24 декември 2009
Замислете го следново изненадување: Пристигнувате од пат на аеродром и што да видите, девојката ве чека во венчаница со матичар покрај себе! Токму така...
...му направила една американка на својот дечко кој го дочекала ни помалку ни повеќе туку во венчаница на аеродром!
Робин Мур и Вилијам Акоста судбоносното ДА го изговориле на аеродромот во Корпус Кристи во Тексас.
Робин го дочекала Вилијам кој се враќал од Толедо во Охајо. Облекла венчаница, а покрај себе имала матичар. Заветите ги изговориле покрај Новогодишната елка близу до куќичката за обезбедувањето на аеродромот.
"Половина од нашата врска ја поминавме по аеродромите, бидејќи живееме во различни градови", рекла Робин.
Додека таа носелеа венчаница, младоженецот бил опремен со фармерки, дуксер и куфери.