„Работам како професионална љубовница - се гледам со оженети мажи кои ми купуваат скапи подароци“
- Детали
- недела, 21 јануари 2024
„Знам дека има многу луѓе кои го презираат она што го правам, но јас не жалам бидејќи, искрено, мислам дека им помагам на многу парови да останат заедно“, вели Британката Гвенет Ли која себеси се нарекува „професионална љубовница“.
Гвенет Ли од Англија себеси се нарекува „професионална љубовница“ и се гледа исклучиво со оженети (и богати) мажи.
50-годишната Британка е вдовица, а почнала да има афери откако нејзиниот сопруг починал од рак.
Таа вели дека нејзините афери траат од неколку дена, до неколку години, а смета дека некогаш неверствата на мажите им помагаат да си го спасат бракот.
Нормално, не секој се согласува со нејзиниот начин на живот и повеќето ја осудуваат.
„Знам дека многу луѓе кои го презираат она што го правам, но јас не жалам бидејќи, искрен,о мислам дека им помагам на многу парови да останат заедно.
За многу жени, сексот исчезнува од нивната рутина. Но, поради ова, нивните сопрузи копнеат по секс и возбуда. Тие не сакаат да ги остават сопругите и да се разведат, туку само сакаат ослободување од фрустрацијата. Јас сум совршеното решение за нив“, вели таа за Daily Mail.
Гвенет наоѓа богати убави мажи кои можат да го поддржат нејзиниот екстравагантен начин на живот. Таа ги откри импресивните подароци кои ги добива, а кои вклучуваат бунди, скапа долна облека, свеќи и скапи вечери.
Неодамна, таа уживаше и во раскошен одмор во Средна Америка.
„Имав двајца различни љубовници кои платија за ова патување“, вели Гвенет за нејзиното патување во Костарика.
Гвенет открива дека еден маж неодамна платил илјадници долари за дел од нејзиното патување низ Африка, а друг, пак, претходно ѝ подарил автомобил.
Во моментов, таа излегува со пет оженети мажи, од кои едниот поминува низ развод, но вели дека границите им се веќе поставени.
Таа вели дека ја сака емотивната врска, но понекогаш мора да се врати чекор назад.
За неа, да се биде љубовница значи да се забавуваат и двајцата, но и да создадат безбедно место каде што и двајцата ќе можат малку да избегаат од секојдневието.
На крај, таа додава: „Можам да правам што сакам, кога сакам, без прашања или ограничувања и, што е најважно, сето тоа е бесплатно“.
М. Ѓ. | Црнобело