Кога девојката што ја запросуваш ќе ти каже „НЕ“
- Детали
- понеделник, 26 октомври 2015
Момче се обидело да ја разубеди својата поранешна девојка да му се врати назад и со голем гест да ја запроси на местото каде таа работи, но нештата не се одвиваат по негова желба.
Во Хјубеј, Кина, младо момче со чамец ја чекало својата поранешна девојка пред болницата каде таа работи за да ја замоли да му прости (поради непознати причини) и да ја запроси.
За краток период се направила гужва пред неговиот чамец која ја поттикнува девојката да се качи на чамецот и да одговори на неговите молби.
По ракоплескањето и поттикнувањето на луѓето, таа му се придружила на чамецот, но не била воодушевена од неговиот гест.
Со букет во рака, го извадил прстенот, клекнал на колена и ја запросил.
Девојката бргу ја трга својата рака, го зграпчува прстенот и го фрла.
Потоа го напушта чамецот и повторно се враќа на работа.
Разочараниот романтичар нема друг избор туку засрамено да го напушти местото на настанот.
Еден од вработените подоцна открил дека парот бил во врска, но раскинале пред година дена, а сите претходни обиди на момчето за повторно да бидат заедно завршувале со неуспех.