Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во срцето на Њујорк
- Детали
- петок, 01 декември 2023
Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија денес ја има својата премиера во САД на фестивалот „DANCES WITH FILMS“ „DANCES WITH FILMS” е во моментот еден од најзначајните гласови на независната филмска индустрија надвор од Холивуд.
По 25 години одржување во легендарниот Chinese Theatre во Лос Ангелес, фестивалот се сели во срцето на Њујорк, повторно на култна локација – Regal Union Square Theatre во Менхетен. Според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу “десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“, според CNN, важи за “лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како “нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“...
Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму на официјалната селекција на овој фестивал ќе ја претставува македонската кинематографија пред американската публика.
По премиерата, ќе се одржат дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм “М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media.