Инспиративна приказна: Докторите предвидувале дека нема долго да остане на овој свет...
- Детали
- петок, 18 септември 2015
Животот на Кристофер Раш е вистинска инспирација за оние кои се сомневаат во себеси и своите способности. На само 7 месеци тој добил дијагноза за мускулна дистрофија и на неговите родители им било кажано дека нема уште долго да живее.
Наспроти прогнозата од 2 години живот тој наполнил и 30 години пред да си замине од овој свет, а зад себе ја остави програмата GO FAR. Покрај тоа, тој станал првиот парализиран нуркач во Америка, бил менаџер на тимот за баскет во своето училиште и дипломирал од Универзитетот Вејн.
Неговата програма се одвива во неколку чекори кои служат за да им помогнат на оние кои се очајни, а посакуваат да ги постигнат своите цели и да успеат во животот без разлика на пречките кои им стојат на патот.
„Секој има некакви пречки, само треба да научи како да ги надмине“.
Неговиот пријател и режисер Зак Арнолд, решил да му оддаде почит на својот пријател Раш преку ова видео: