Првиот контакт со Мајкл Џексон
- Детали
- вторник, 10 ноември 2009
Емисии и луѓе кои се занимаваат со духови и стапување во контакт со починати лица, тврдат дека кралот на поп музиката Мајкл Џексон полека...
... се прилагодува на задгробниот живот, но е бесен и лут зошто не бил закопан до Мерлин Монро, тврдат тие.
Дерек Акорах вели дека стапил во контакт со покојната ѕвезда за време на една телевизиска сеанса. Фановите на Мајкл се расплакаа откако Акорах им опишал како Џексон се приспособува на животот на небото.
Мајкл, говорејќи низ Дерек, изјавил како отсекогаш сакал да биде закопан до Мерлин. Потоа кажал колку е важно да ја имаш и да ја примаш сета наклонетост и љубов од своите обожаватели. Медиумите понатаму потврдиле дека Мајкл своето време на небото го поминува со својата баба и дедо.
"Само што почнав да се привикнувам на животот на небото", наводно велел Мајкл. Еден од гледачите на телевизија Sky1 кажал како во очите на Дерек ги препознал Мајкловите очи.
Видовитата Џејн Валас тврди пак дека го слушнала Џексон; тој го пеел својот хит "Heal the World" и им се извинувал на своите обожаватели што не успеал да ја одржи турнеата "This Is It".
Исто така, многумина тврдат дека на сликите од Неверленд кои се објавени по неговата смрт приметиле некаков приказ во облик на дух, а фановите тврдат дека тоа е всушност Мајкл.
Интересен е фактот што Мајкл навистина имал стауетка од Мерлин Монро, бидејќи бил фасциниран од нејзината трагична приказна.
Се работи ли само за привлекување на вниманието на јавноста и искористување на слабоста на фановите кои се уште не можат да ја преболат смрта на Мајкл Џексон или постои нешто повеќе - што мислите вие?