“Жив сум“ - вели дух на снимка
- Детали
- вторник, 29 септември 2009
Британката Сара Меккеси ги снимала своите деца за време на излетот во природниот резерват The Enchanted Forest (Маѓепсаната шума). Таа го...
...снимала нејзиниот 8-месечен син Мек, додека нејзиниот сопруг и останатите 2 деца си играле во близина.
Но, кога семејството ја гледало снимката вечерта, останале шокирани од она што го чуле. На снимката може да се чуе глас кој јасно говори “Жив сум“, додека бебето гледа во камерата.
“Единствени луѓе во близина беа мојот сопруг и децата, оддалечени на 3 метри од мене. Гласот звучи како да доаѓа од близина и на снимката е многу јасен и гласен“ - објаснува госпоѓата Меккеси.
“Навистина немам идеја за што станува збор. Можеби навистина шумата е опседната“- вели Сара.