Кина Интернет рестрикции 2 дел
- Детали
- четврток, 10 септември 2009
Кинеското министерство за култура ќе воведе правилник според кој секоја песна мора да добие одобрение пред да биде претставена на интернет. Кина...
...најави големо заострување на контролата врз интернет мрежата.
Според новиот правилник, секој кој ќе сака да закачи било каква домашна или странска музика на интернет, мора да бара одобрување за тоа.
Но, ова не е крајот за забраните. Текстовите на секоја песна која не е на кинески јазик, мора претходно да биде преведена.
Овој закон кој стапува на сила од 31 декември 2009та, а го предложило кинеското министерство за култура. Во министерството објаснуваат дека ваков правилник е потребен со цел да се регулира преносот на информации и за да се гарантирала сигурноста на културата на таа земја.
За секоја песна во рок од 3 дена откако ќе биде поднесено барање, ќе се добиде одобрување за поставување на интернет.
Според некои податоци во Кина има најмалку 338 милиони Интернет корисници, што е повеќе од било која земја во светот.
Инаку, досега владата ги блокира оние содржини за кои смета дека се несоодветни, а тоа вклучува порнографија и насилство.