Се удавил во жешко чоколадо
- Детали
- понеделник, 13 јули 2009
Американските власти од Њу Џерси објавиле дека утрото во средата 29-годишен работник во фабрика за обработка на какао, се удавил во огромен...
... сад на жешко чоколадо. Медиумите пишуваат дека тоа е еден од најдобрите начини да се умре, едноставно не може да се посака подобра смрт.
Извештаите велат дека Винсент Смит, 29-годишен работник во фабрика за обработка на какао во Њу Џерси, паднал во сад на жешко чоколадо откако бил удрен со нож со кој се меша чоколада.
Несреќата се случила додека работникот товарел чоколада во садот во кој се топи и меша. Колегите не успеале цели 10 минути да го сободат и да го извлечат од чоколадниот пекол.
Прелиминарниот извештај покажал дека работникот најверојатно починал од тешки повреди на главата.