Вака геј татковците ги спремаат своите ќерки за на училиште (фото)
- Детали
- понеделник, 20 јануари 2014
Кориб и Калеб, хомосексуалниот пар кој има 3 дечиња, успеа да го разбрани светот за само неколку секунди.
На заедничкиот Инстаграм профил објавија фотографија на која ги средуваат своите ќерки за првиот училишен ден по зимскиот распуст, која предизвика различни реакции.
„Тоа што сме татковци значи станување во 5.30 часот. Ги будиме нашите дечиња, правиме појадок и ги подготвуваме за училиште. Автобусот по нив доаѓа во 6.30 часот. Така изгледа еден типичен ден во нашиот дом. Не е лесно, но уживаме во секој момент,“ раскажуваат.
Едни коментари беа позитивни и посветени на нивната грижливост, додека мета на негативните коментари беше нивната сексуална ориентација.
На тоа, Кориб и Калеб возвратија:
„Правиме се што можеме за да им овозможиме пристоен живот. Тешко ни е, заради дискриминацијата со која се среќаваат, но она што ние го правиме зад затворени врати не е ничија работа.“