103 годишна баба на Фејсбук
- Детали
- понеделник, 18 мај 2009
Дека интернетот, сурфањето и друштвените портали не се само за млади покажува случајот на 103 годишната Ајви Бин, која Фејсбук го познава...
...подобро од голем број млади.
Ајви Бин, 103 годишна Англичанка од Бредфорд е доказ дека сурфањето не е само за млади. Толку се извежбала и за популарните мрежи Твитер и Фесбук знае повеќе и од многу тинејџери, а некои од нив се помлади дури и по 90 години од неа.
Ги испробала сите опции на друштвените веб-сајтови и без проблем ги навела маните и предностите на Фејсбук, Твитер, МајСпејс и други слични портали. Ајви до неодамна била дел и од популарниот Фејсбук, каде имала 4800 пријатели, но и се здосадило па се префрлила на конкурентскиот Твитер.
“Го обожавам Твитер. Толку е едноставен, а сепак ги привлекува сите - и машки и женски. Фејсбук е исто така добар, но ми здосади“ - вели бабата.