20 години живеел со туѓи кредитни картички
- Детали
- среда, 31 октомври 2012
Иако кај нас тоа не е толку развиено, сепак во САД крадењето кредитни картички е главна ноќна мора за граѓаните, особено за оние кои во близина имаат луѓе како Џефри Хокинс.
Хокинс наводно две децении живеел трошејќи пари од кредитните картички на другите, патувајќи низ источниот брег на САД. Во раните 90-ти тој останал без работа и без домот, па така како кариера се одлучил на крадење кредитни картички.
Не, не се работи за некој компјутерски хакер кој крадел броеви, туку обичен човек, кој обрнувал многу внимание на броеви – тој главно крадел броеви од кредитни картички од тоа што ги слушал луѓето како гласно ги читаат или им погледнувал преку рамото кога ги запишувале.
На неговите авантури им дошло крај кога пред некоја недела сам се предал, велејќи дека е уморен постојано да се крие и бега и сега се соочува со неколку криминални обвиненија.
Од друга страна, токму со парите од кредитните картички успеал да си ја плати кауцијата.