Детали за најсмртоносниот пожар во дискотека во Бразил во 2013-та: Настанал од пиротехника, загинале 242 лица
Над 180 тела биле најдени во тоалетот бидејќи голем дел од гостите, во паника, мислеле дека тоа е излезот од дискотеката.
Во целата трагедија имало вкупно 242 жртви - некои загинале во клубот, некои подоцна во болница.
150 лица биле сериозно повредени од стампедото, додека 14 лица се здобиле со тешки изгореници.
Подоцна, осум од луѓето со изгореници починале во болница.
До денес, ова е вториот најсмртоносен пожар во Бразил.
Истрагата потврдила дека пиротехника е причина за пожарот и станувало збор за огномети кои воопшто не се наменети за затворен простор и кои воедно биле нелегални.
Полицијата ги уапсила косопствениците на клубот кои исто така се здобиле со повреди.
Едниот од нив пробал да изврши самоубиство во болницата, но полицијата реагирала навреме и го спречила.
Се дознало и дека клубот добил лиценца за работа со лажна документација – во документите било наведено дека има два излеза за итни случаи, што не било точно.
Исто така, противпожарните апарати не биле во функција.
До 31-ви јануари, се заостриле инспекциите на дискотеките и биле затворени над 58 локали низ Бразил поради безбедносни пропусти.
Биле уапсени и двајца од членовите на бендот поради нелегалните пиротехнички средства.
На крај, сопствениците на клубот добиле по 22 и 19 години во затвор, додека членовите на бендот по 18 години.
Во 2023 година, беше снимена и мини-серија која ги опишува настаните кои воделе до пожарот, како и понатамошната истрага.
Серијата The Endless Night (Todo Dia a Mesma Noite) е достапна и на Нетфликс.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





