„Живеам во Данска две години - малите деца сами одат во градинка, а платите се високи“
- Детали
- петок, 07 февруари 2025
„Малите деца одат во градинка или на училиште сами и не чувствувате страв кога пешачите навечер. Платите тука се високи. Јас сум студент кој хонорарно работи во кујна и платата ми е 20 евра на час, а за време на викендите дури и повеќе...“, споделува Тереза Тасаралејко за животот во Данска, но ги кажува и негативните страни.
Тереза Тасаралејко oд Словачка е студент, кој веќе 2 години живее и работи во Данска и на својот Инстаграм профил споделува како изгледа животот таму.
Нејзиното искуство од животот во Данска:
„Се преселив во Данска пред две години.
Есента и зимата тука се екстремни. Има 175 ден дождовни денови годишно!
Во зима дневната светлина ја има од околу 9 наутро до околу 15 часот попладне.
Луѓето оставаат надвор работи кои повеќе не им требаат за некој на кој му требаат да може да си ги земе бесплатно.
Данска е екстремно, ама екстремно, сакaпа.
За еднособен апартман во помал град треба да платите околу 520 евра месечно. Во Копенхаген за соба треба да платите од 800 до 1.000 евра и тоа за неопремени простории, односно без мебел.
И покрај лошото време, луѓето секогаш користат велосипеди, без разлика каде и да одат, за до училиште, маркет, за да ги однесат децата некаде или, пак, дотерани во костими за на работа.