Меланија Трамп критикувана за официјалниот портрет како прва дама на САД: „Како да е направена од пластика“
- Детали
- вторник, 28 јануари 2025
Официјалниот портрет на Меланија Трамп како прва дама на САД доби комплименти, но и бројни критики, најмногу поради употребата на Фотошоп. Како изгледаа официјалните портрети на поранешните први дами?
Во понеделникот (27.01) беше објавен официјалниот портрет на Меланија Трамп како нова прва дама на САД.
Како и за сè останато, сопругата на Доналд Трамп доби многу комплименти, но се соочи и со критики од јавноста.
Меланија самата го сподели портретот на официјалниот Инстаграм профил на Првата дама на САД.
И, за разлика од портретот од првиот мандат на Доналд, но и портретите на претходните први дами, Меланија се одлучила за црно-бела фотографија.
Ова е првото нешто што им „падна во око“ на следбениците кои сметаат дека портретот делува премногу мрачно.
Други, пак, го критикуваат претераното користење Фотошоп за фотографијата и велат дека Меланија не ни личи на себе.
„Зошто изгледа како генеричка фотографија од директор на некоја фирма?“
„Изгледа како да е направена од пластика. Нема никаква топлина на фотографијата“.
„Експерт за Фотошоп“.
Меланија има и бројни фанови кои имаат само добри зборови и за неа, и за портретот.
„Најубавата жена која стапнала во Белата куќа“.
„Првата дама со најдобар стил“.
„Се врати елеганцијата“.
„Конечно имаме модерна, убава и интелигентна прва дама (повторно)“.