Разголени мажи ги пакуваат пратките - Факти за TEMU, компанијата по чии производи „полудеа“ и Македонците
Дали е TEMU измама?
Мислењата и во светски рамки се поделени, но факт е дека одговорот го има самиот купувач, кој знае дали тоа што го нарачал, споредено со тоа што го добил е исто или, сепак, бил измамен.
Сепак, за да бидете сигурни дека купувате од TEMU, а не од некои препродавачи или лажни профили, симнете ја нивната апликација во вашиот телефон и регистрирајте се со меил адреса.
Што треба да знаете за купувањето од TEMU во Македонија?
Поради политиката на компанијата транспортот да биде бесплатен, ниту еден од производите што ќе ги видите на страницата на TEMU кај нас, не надминува вредност од 22 евра, односно, висината на сумата за која можете да добиете пратка од странство од правно лице, а притоа да не платите никакви давачки.
Затоа, дури и кога ќе порачате (збирно) нешто поскапо од оваа сума од 22 евра, пратката ќе ја добиете поделена во неколку посебни пакети и на тој начин TEMU е сигурен дека нема да се плаќа ништо дополнително.
Пратката вообичаено стигнува до Македонија за 7-10 дена од денот кога сте ја направиле порачката, но дури откако ќе помине царинска контрола, се префрла во магацинот на домашната компанија која ги испорачува производите до врата (односно до наведената адреса).
Затоа доставата најчесто трае околу 3 недели.
Уште еден безбедносен систем (а за заштита на купувачот) е дека добивате смс порака со код, кој вие му го вчитувате на курирот од компанијата откако ќе ви ја донесе пратката и со тоа потврдувате дека сте ја примиле.
Како ги пакуваат производите?
На социјалните мрежи се споделуваат и видеа од магацините на TEMU во кои може да се види како ги пакуваат и распоредуваат производите.
Тие на дневно ниво се и по неколку стотици илјади.
Наводно дел од мажите кои работат на сортирањето на производите, тоа го прават голи од половината нагоре.
Што вели за CRNOBELO.com портпаролот на Temu:
„Temu започна со работа во САД во септември 2022 година и се прошири во Европа следната година.
Денес, ние опслужуваме повеќе од 80 пазари ширум светот во Америка, Европа, Блискиот Исток, Африка, Азија и Океанија, вклучувајќи ги и сите 27 земји членки на ЕУ.
Во последно време, Temu започна да ги поканува локалните продавачи во Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија да се придружат на нашата платформа.
Се надеваме дека, со повеќе локални продавачи, Temu ќе понуди уште поширок и поразновиден избор на производи за да ги задоволи преференциите и потребите на потрошувачите, додека ја поддржува локалната економија.
А во однос на категориите производи - Temu нуди производи во повеќе од 200 категории, покривајќи широк спектар на потреби и буџети.
Од секојдневни неопходности до уникатни производи, нашата цел е да го поедноставиме искуството со купување преку широк избор.
Секојдневните потреби, како што се домашните производи, се меѓу најпопуларните категории кај нашите клиенти кои бараат повеќе вредност за своите пари.
Категориите за подароци се исто така особено популарни во сезоната на празнично купување."
Погледнете видеа од пакувањето на пратките за Temu:
@syndicate68 Temu Warehouse
♬ original sound - Syndicate
@lofianimeharmony Inside Look: Exploring a Temu Warehouse! 🏢📦#WorkLife #WorkLife #BehindTheScenes #LogisticsLife #TikTokExplore #SupplyChain #WorkLife
♬ My Love in the Sun - Chaddamane
Прочитајте и Ми стигна првата нарачка од TEMU, ја чекав до Скопје 3 недели - Што очекував, а што добив?
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





