Разголени мажи ги пакуваат пратките - Факти за TEMU, компанијата по чии производи „полудеа“ и Македонците
- Детали
- недела, 22 декември 2024
Веќе неколку месеци и кај нас владее вистинска ТEMU-манија, а Македонците на големо купуваат производи преку популарнаста онлајн продавница. Гледајќи ги видеата од сортирањето на производите, не можете, а да не се запрашате како вашата пратка стигнала на време, а производите не се измешани.
Ако не вие, барем некој ваш пријател купил нешто од TEMU, па името (или производите) не ви се непознати.
Она што беше AliExpress до пред некое време, денес е TEMU (барем кај нас), а многу Македонците веќе ја симнаа апликацијата, ги направија првите нарачки и им стигнаа производите.
Од она што се споделува на социјалните мрежи, пред сè на Фејсбук-групата „ТEMU Македонија, искуства и препораки“, може да се заклучи дека повеќемината се задоволни од производите, па најголемиот дел од нив велат дека ќе продолжат да купуваат работи преку TEMU, особено производи кои се евтини, но и кои се недостапни кај нас.
Што знаеме за TEMU, компанијата која од неодамна и кај нас, за многу евтини пари продава облека, накит, предмети за домаќинство и секакви дребулии?
Што е TEMU?
TEMU е кинеска онлајн продавница, која е основана во јули 2022-ра година, а која ги поврзува купувачите од околу 45 земји директно со продавачите во Кина.
На сајтот или апликацијата на TEMU производите се поделени во 28 категории, меѓу кои и женска, машка, детска облека, накит, предмети за домаќинство, електронски играчки, опрема за вежбање, шминка, чевли, козметика, алати и слично...
Сите тие водат до посебни „продавници“, па затоа цените за еден ист производ варираат, а на купувачот останува да ја избере понудата која смета дека е најсоодветна за него.
Кој е сопственик на TEMU?
Седиштето на TEMU се наоѓа во САД, иако е сопственост на PDD Holdings, компанија која во 2015 година ја основа кинескиот милијардер Колин Хуанг (четвртиот најбогат човек во Кина во 2024 година).
Зошто се производите толку евтини?
TEMU продава огромен број производи директно од кинеските продавачи по ултра ниски цени.
Тие се грижат само за транспортот на производите и не наплаќаат никаква маржа од самиот купувач, па тоа е и една од причините зошто цените на многу производи се толку евтини.
Дополнително, ако се земе предвид масовното производство и ниската цена на работната сила во Кина, јасно е зошто постојат производи кои се смешно евтини.
Во одредени моменти, со специјалните понуди кои се појавуваат на сајтот, цените може да се намалат и до 99% од нивната вредност.
Но, поради политиката да не наплаќаат за транспортот (кој се проценува дека бил околу 3 милијарди евра во 2023 година), во јавноста постои загриженост дека TEMU нема да издржи долго на пазарот.
Оваа бројка ќе биде поголема во 2024, бидејќи TEMU го прошири својот пазар, па веќе има 45 земји во кои испорачува производи, а една од нив е и нашата.
Колку се разликува TEMU од AliExpress, Amazon и слични онлајн продавници?
TEMU најмногу се фокусира на облека и аксесоари, а производите што ги нуди се поевтини отколку на другите платформи за онлајн шопинг од овој тип.