-->
-->


Татко ѝ се самоуби додека ја бараше, таа се криела во Мексико: Детали за бизарното исчезнување што ја потресе јавноста

tatko-se-samoubi-dodeka-ja-barashe-taa-se-kriela-vo-meksiko-detali-za-bizarnoto-ischeznuvanje-shto-ja-potrese-javnosta-02.JPG

Тогаш блиските на Хана првпат спомнаа дека можеби таа е вмешана во лажен брак за американско државјанство.

Односно, сметаа дека некој ја уценувал да се венча со него, за тој да добие американско државјанство и дека можеби ова е причина за нејзиното исчезнување.

Конечно, на 11-ти декември, адвокатот на семејството на Хана откри дека таа била најдена.

Деновиве се дозна и што се случувало, донекаде.

tatko-se-samoubi-dodeka-ja-barashe-taa-se-kriela-vo-meksiko-detali-za-bizarnoto-ischeznuvanje-shto-ja-potrese-javnosta-9.JPG

Имено, Хана наводно била вмешана во лажен брак за американско државјанство.

Според досегашните информации, во ноември, пред да исчезне, Хана слетала во Лос Анџелес со нејзиниот лажен сопруг од Аргентина.

На истиот лет бил и бившиот дечко на Хана за кој се шпекулира дека исто така имал склопено лажен брак за да ѝ помогне на жена од Аргентина да добие државјанство.

Според она што е познато досега, Аргентинецот ѝ дал 15.000 долари на Хана, а рекол дека ќе ѝ даде уште пари откако ќе ги добие документите за државјанството.

Тие се венчале во октомври, направиле и церемонија за бракот да изгледа веродостојно.

tatko-se-samoubi-dodeka-ja-barashe-taa-se-kriela-vo-meksiko-detali-za-bizarnoto-ischeznuvanje-shto-ja-potrese-javnosta-10.JPG

Сепак, мистеријата не е целосно разрешена бидејќи Хана нема откриено каде била, а и надлежните велат дека доколку не го прекршила законот, не е должна да кажува.

Според The Post, моментално ФБИ ги разгледувале доказите за лажниот брак за државјанство. Доколку бракот сепак е лажен, Хана може да добие и до пет години во затвор.

tatko-se-samoubi-dodeka-ja-barashe-taa-se-kriela-vo-meksiko-detali-za-bizarnoto-ischeznuvanje-shto-ja-potrese-javnosta-08.JPG

Хана вчера (16.12) реши да даде кратка изјава за магазинот People, не откривајќи ништо.

„Утрото на 15-ти декември се вратив во САД.

Сегашниот фокус ми е моето закрепнување, мојот мир и мојата креативност.

Благодарна сум на моето семејство и на сите кои ми покажаа сочувство и добрина во овој период.

Не бев свесна за она што се случува во медиумите додека бев отсутна и уште го процесирам тоа.

Ве замолувам за почит за мене, за моето семејство и моите сакани, додека минувам нив овој тежок период. Ви благодарам за разбирањето“.

Од семејството на Хана, пак, само изјавија дека се среќни што е најдена и не споделија други детали.

tatko-se-samoubi-dodeka-ja-barashe-taa-se-kriela-vo-meksiko-detali-za-bizarnoto-ischeznuvanje-shto-ja-potrese-javnosta-04.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Доживеав клиничка смрт кога се породував – ја видов баба ми која почина пред 10 години“ Стефани од САД била мртва 37 секунди, видела како лекарите ја оживуваат, а потоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg