Кој е наследникот на една од најмоќните династии во Англија, кој си го уби единствениот пријател?
Дилан Томас е внук на сер Стенли Томас кој е одговорен за богатството на династијата.
Н 15-годишна возраст, тој се отпишал од училиште и почнал да прави и продава пити, а со текот на времето го претворил бизнисот во еден од најуспешните во Обединетото Кралство.
Во 2013-та, богатството на неговата династија се проценувало на скоро 300 милиони евра – сума што денес може да е многу повисока.
Тој го разработел бизнисот заедно со брат му, а во 2006 година ја добил и титулата сер.
Но, иако Дилан бил орден во моќно семејство, немал најсреќно детство.
Татко му Скот, односно синот на сер Стенли Томас, ги полнел насловните страници на британските медиуми од погрешни причини.
Во 1990-тите, Скот отворил ноќен клуб во Кардиф со кој сакал да им парира на најелитните клубови низ Англија.
Но, локалот бил затворен по само една година, откако еден од гостите се паднал од ограда од горниот кат и загинал.
Тој период, Скот Томас бил во врска со моделот Кристи Хауелс – мајката на осудениот Дилан.
Таа била 10 години помлада од него.
Била модел и имала соработувано со брендови како Versace и Armani, но и модели како Наоми Кемпбел и Линда Еванџелиста.
Во 2000 година, го добиле синот Дилан по што се преселиле во голема куќа во Кардиф.
Токму во оваа куќа, во 2003 година, Скот ја нападнал мајка му на Дилан – ја удирал дури и со слушалка од телефон и ѝ повторувал дека ќе ја убие.
Таа успеала да избега од куќата, среде улица застанала маж со мотоцикл и го замолила да ја однесе подалеку оттаму.
За ова, Скот поминал извесен период во затвор.
Со сите проблеми дома, можеби не е чудно што Дилан Томас бил повлечено дете со многу проблеми.
Иако никогаш не му недостасувале пари, речиси и да немал пријатели, а се соочувал и со здравствени проблеми како астма и шизофренија.
Дилан го призна убиството на другар му, но уште стои на ставот дека не било намерно.
Спирова С. | Црнобело