Октомвриската супермесечина во Македонија и ширум светот – најблескава и најголема за 2024-та (фото)
- Детали
- петок, 18 октомври 2024
Годинешната октомвриска полна месечина е навистина посебна – покрај тоа што е супермесечина, истовремено е и најблескава и најголема во 2024-та.
фото: Димитар Бирачоски - Инстаграм
Зборот супермесечина се однесува на астрономската појава кога месечината е полна или млада, a е најблиску до Земјата.
Ова е возможно бидејќи орбитата на месечината околу Земјата не е кружна, туку во форма на елипса.
Кога станува збор за супермесечина, таа може да ни изгледа и до 15% поголема и 30% посветла на ноќното небо – нешто што е случај со октомвриската полна месечина.
Ако сте ја испуштиле синоќешната, добрите вести се дека месечината ќе делува голема и полна уште две ноќи, што значи имате можност да ја видите.
Полната месечина во октомври се нарекува и Ловечка месечина бидејќи во многу култури го означува почетокот на сезоната на ловење.
Македонскиот фотограф Димитар Бирачоски сподели негова фотографија од октомвриската супермесечина над Охрид.
Вo продолжение погледнете како изгледаше супермесечината ширум светот:
Охајо
Австралија
Англија
Флорида
Калифорнија
Индија
Њујорк
Повеќе фотки на следната страница...
Би можело да ве интересира:





