Татко му го тепал, не му дозволувал да спие за да игра шах – Тешкото детство на Ендру Тејт
Ендру имал и проблеми на училиште – бил малтретиран, неретко поради неговиот американски акцент. Додека мајката на Ендру е Англичанка, татко му бил Американец, а тој го „наследил“ неговиот акцент.
А, кога шегите на сметка на акцентот претерале, тој му удрил бокс на соученик.
Според извори кои го познавале тој период, по овој инцидент, Ендру се променил – станал „бунтовник“, почнувал тепачки и постојано се расправал со наставниците.
А, додека се справувал со проблемите на училиште, Ендру бил дисциплиниран и од татко му.
Сепак, самиот вели дека го заслужувал тепањето.
„Татко ми имаше големо влијание врз мене. Задачата на таткото е да остави впечаток врз неговиот син…
Татко ми беше авторитативен, но тоа не е нешто лошо. Добро е да имате татко кој е многу сериозен за дисциплината и почитта.
Дали ме тепаше како направев грешка? Секако. Но, мислам дека нема ништо лошо во тоа. Сметам дека во минатото, децата секогаш биле тепани кога правеле грешка.
Не велам да си ги тепате децата. Никогаш не ги удирајте без причина. Но, ако направат грешка, погрешно е да нема физичко казнување…“, има изјавено Тејт.
Тој истакнува и дека не можел да посака подобар татко.
Во детството, Ендру се истакнувал со интелектот, а татко му го терал и да игра шах.
А, секогаш бил престрог и имал огромни очекувања од него.
„Очекувањата за мене беа смешно високи. Прескокнав неколку одделенија на училиште. На секој тест, сите одговори ми беа точни.
Татко ми не ми велеше ’Се надевам дека си среќен‘, туку им велеше ’Се надевам дека ќе станеш професионалец‘“.
Ендру има откриено и дека неретко, татко му не му дозволувал да спие.
„Кога му велев на татко ми дека сум уморен, дека ми се спие, тој ми велеше да не барам изговори.
Ме тераше да останам буден до три, четири наутро и да играм шах. Спиев по два часа, станував, па одев на училиште.
Мајка ми полудуваше, го молеше да ме остави да спие. Тој не ја слушаше, па седев до утринските часови, обидувајќи се да ги држам очите отворени додека играм шах“.
Татко му на Ендру почина од инфаркт.
„Татко ми почина за време на шаховски турнир, што е најдобрата смрт што би можел да ја посакам за него.
Почина во битка, како што требаше. Тој беше воин целиот негов живот“, изјави Ендру по неговата смрт.
Погледнете и: Кој е Ендру Тејт, контроверзниот инфлуенсер што отворено ги мрази жените и е обвинет за трговија со луѓе и силување?
Спирова С. | Црнобело