Кој е Ендру Тејт, контроверзниот инфлуенсер што отворено ги мрази жените и е обвинет за трговија со луѓе и силување?

„Жените не знаат да возат“, „мажите треба да изневеруваат“ и „18-годишните девојки се најпривлечни“ се само дел од контроверзните изјави на 36-годишниот Ендру Тејт – инфлуенсерот кој моментално е во притвор поради сомнение за трговија со луѓе и силување.

koj-e-endru-tejt-kontroverzniot-influenser-koj-otvoreno-gi-mrazi-zhenite-i-e-obvinet-za-trgovija-so-lugje-i-siluvanje-01.jpg

Ендру Тејт е поранешен кикбоксер и познат британско-американски инфлуенсер кој сака да се фали со парите, но и да ги деградира жените во неговите објави бидејќи е цврсто убеден дека се многу „подолни“ од мажите.

Всушност, поради неговите контроверзни ставови за жените и говорот на омраза насочен кон нив, Ендру е баниран од неколку социјални мрежи.

Тој тврди дека жените не можат да возат, мажите имаат дозвола да ги изневеруваат нивните девојки и сопруги, па дури и дека 18-годишните девојки биле многу попривлечни бидејќи имале помалку сексуални партнери.

koj-e-endru-tejt-kontroverzniot-influenser-koj-otvoreno-gi-mrazi-zhenite-i-e-obvinet-za-trgovija-so-lugje-i-siluvanje-02.jpg

Тој е познат и како „крал на токсичната мажественост“, а онлајн споделува видеа со совети за заработување многу пари и флертување со девојки, насочени кон млади мажи.

Моментално Ендру се наоѓа во притвор во Романија поради сомнение за учество во трговија со луѓе и силување.

koj-e-endru-tejt-kontroverzniot-influenser-koj-otvoreno-gi-mrazi-zhenite-i-e-obvinet-za-trgovija-so-lugje-i-siluvanje-09.jpg

Па, кој е Ендру Тејт и како стана една од најконтроверзните познати личности?

Ендру Тејт е роден во декември 1986 година, во Вашингтон. Мајка му работела како асистент за кетеринг, додека татко му бил меѓународен првак во шах.

Тој има и брат по име Тристан, кој исто така се сомничи за учество во трговија со луѓе.

По разводот на родителите, Тејт, заедно со брат му и мајка му, се преселил во Англија, а во детството покажал дека го наследил талентот на татко му и се натпреварувал во првенства за шах за возрасни.

Во 2005 година, Ендру почнал да тренира кикбокс и други боречки вештини, а до 2009 година веќе беше прогласен за еден од најдобрите кикбоксери во Европа.

koj-e-endru-tejt-kontroverzniot-influenser-koj-otvoreno-gi-mrazi-zhenite-i-e-obvinet-za-trgovija-so-lugje-i-siluvanje-12.jpg

Во 2016 година, Ендру гостуваше во британската верзија на популарното реално шоу „Големиот брат“, а овде почна да привлекува внимание со неговите контроверзни ставови.

Овој период Ендру споделуваше расистички и хомофобични твитови, поради што продуцентите на шоуто беа на мета на критики. Па, инфлуенсерот беше избркан од шоуто по само шест дена.

Продуцентите изјавија дека виделе како удира една од учесничките со колан, па поради тоа решиле да го избркаат.

Наводно, по инцидентот била започната истрага, која беше затворена во 2019 година, без никој да биде осуден.

koj-e-endru-tejt-kontroverzniot-influenser-koj-otvoreno-gi-mrazi-zhenite-i-e-obvinet-za-trgovija-so-lugje-i-siluvanje08.jpg

Ендру тврди дека почнал да заработува милиони со помош на брат му и многу лаги.

Наводно, Ендру и Тристан најмиле околу 75 девојки кои ги раскажувале нивните тажни животни приказни пред веб-камера.

Клиентите биле мажи кои плаќале за да ги слушаат приказните на девојките, кои всушност биле лажни. Истовремно, девојките нуделе порнографска содржина, и на тој начин изнудувале пари од мажите.

Потоа Ендру направи и платформа – Hustler’s University – на која нуди совети за заработка со криптовалути и слично. Претплатата на платформата чини 50 долари месечно.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg