Татко му го тепал, не му дозволувал да спие за да игра шах – Тешкото детство на Ендру Тејт
- Детали
- недела, 29 септември 2024
Таткото на Ендру Тејт, кој бил воен ветеран и успешен шахист, го форсирал син му и неретко го казнувал со тепање. Истовремено, Ендру пораснал во сиромашна и опасна област, каде криминалот бил секојдневие…
Моментално, Ендру Тејт е една од поконтроверзните познати личности.
Додека некои го величаат и го гледаат како идол, други сметаат дека неговите ставови се премногу сексистички и токсични.
Моментално Ендру е обвинет за трговија си луѓе и силување.
Тој е во домашен притвор во Романија, но засега не е познат датумот за судењето.
Нормално, голема мера во формирањето на карактерот на Ендру Тејт има неговото детство кое не било најлесно, како и неговиот татко кој неретко знаел да биде суров.
Неколку детали за детството на Ендру и неговиот однос со татко му:
Ендру има брат -Тристан - кој е во домашен притвор за истите злодела како и него. Тој има и сестра, но вели дека денес не е во контакт со неа.
Ендру се преселил во Чикаго во доцните 1990-ти со брат му, сестра му и мајка му, по разводот на родителите.
Тие пораснале со мајка им, но и татко им – Емори Тејт – имал големо влијание врз нивното воспитување.
Таткото на Ендру, кој почина во 2015 година, бил мошне добар шахист. Во текот на кариерата, победил на 80 натпревари против велемајстори, а петпати бил и шампион во Невада.
Покрај кариерата како шахист, Емори бил и ветеран на воздушните сили на САД и кога ќе се земе предвид неговиот воен тренинг, можеби не е ни чудно што бил особено строг родител.
Слично како син му Ендру, и Емори честопати објавувал контроверзни статуси на Фејсбук.
До 11-годишна возраст, Ендру со семејството живеел во сиромаштија.
Пред да се преселат во Чикаго, тие живееле во град во Англија, а областа во којашто се наоѓале била една од најопасните.
„Криминалот беше секојдневие. Ако некој помислеше дека сте премногу гласни, ќе ви го изгореше автомобилот или ќе ви ја запалеше куќата“, има изјавено извор кој пораснал во истата област.
Насилството оставило последица врз Ендру - поради ова искуство, самиот има изјавено дека „Британците се најнасилниот народ на светот“.