Сопругот ја дрогирал и викал мажи да ја силуваат: Детали за грозоморниот случај на храбрата Жизел од Франција
Истиот ден, Доминик повторно бил уапсен и го признал делото.
Изјавил и дека чувствувал задоволство кога гледал како други мажи ја силуваат Жизел, како и дека е подготвен да се соочи со семејството во судница.
Според изјавите на Доминик, тој ја дрогирал Жизел со лоразепам, вид лек кој е како седатив.
Некогаш самиот ја силувал сопругата, а некогаш викал и други мажи. Кога ги викал, мажите се паркирале понастрана од домот на Жизел и Доминик и чекале тој да ја издоргира пред да влезат внатре.
Ја оставале облеката во кујната, а Доминик им забранувал да зборуваат, да носат парфем или да имаат силен мирис, како на цигари или алкохол.
Наводно, мажите не му плаќале за силувањата.
Иако Жизел не била свесна што се случува, злоделата на сопругот и другите мажи оставиле последици по нејзиното здравје.
Почнала да ѝ паѓа косата, ослабела 16 килограми, а во последните неколку години имала и проблеми со сеќавањето.
Чувствувала и болка во областа на гениталиите и иако одела на лекар, никој не можел да утврди што ѝ е.
Едниот од силувачите бил и ХИВ позитивен, но за среќа Жизел не се заразила со никаква сексуално пренослива болест.
Според досегашните сослушувања, силувачите биле од гратчето во коешто живееле Жизел и Доминик, како и од околината.
Имало силувачи кои биле пожарникари новинари, водоводџии, камионџии…
Некои имале семејства и деца, некои немале криминални досиеја, а некои веќе биле обвинети за сексуален напад, па и поседување детска порнографија.
Дел од нив веќе ја признаа вината, додека дел тврдат дека Жизел не била без свест.
Некои тврдат и дека мислеле дека Жизел се согласила за силувањата, бидејќи така им кажал Доминик.
Откако дознала за силувањата, Жизел веднаш го напуштила домот со само два куфера.
Оттогаш е разведена и го промени презимето.
Судењето на Доминик и 49 од идентификуваните силувачи започна на 2-ри септември годинава, а се очекува да трае до 20-ти декември.
Едниот од силувачите почина, додека друг не е лоциран.
Доминик и силувачите можат да добијат казна затвор до 20 години.
Жизел имала право на анонимност, но самата изразила желба судењето да биде јавно, со цел светот да стане посвесен за силувањата под дејство на дрога, како и сексуалното насилство од страна на сопружниците.
На последното сослушување, кога Жизел беше пречекана со аплауз, Доминик изјави:
„Јас сум силувач, како сите останати во судницата“, алудирајќи на обвинетите мажи.
Жизел, пак, изјави дека е благодарна за поддршката и се надева дека нејзиниот случај ќе направи разлика.
„Им благодарам на сите. Ја имам силата да ја извојувам оваа битка до крај.
Ја посветувам оваа борба на сите жени и мажи ширум светот кои се жртви на сексуално насилство.
На сите овие жртви, сакам да им кажам – погледнете наоколу, не сте сами!“
Спирова С. | Црнобело