Австралијка се вљубила во домородец од Еквадор, патувала 30 часа за да се запознаат
- Детали
- сабота, 08 јуни 2024
Австралијка раскажува како патувала 30 часа за да го запознае модерниот Тарзан во кого се вљубила на Инстаграм. Таа зборува само англиски, а тој само шпански... Но, тоа не било бариера за нивната љубов да се развие. А не била проблем ниту пак огромната оддалеченост.
Австралијката Џордан Хауеншајлд (26) стана хит на социјалните мрежи и го привлече вниманието кај светската јавност откако ја сподели нејзината неверојатна љубовна приказна.
Таа раскажува како се вљубила во домородно момче од Еквадор, па пропатувала повеќе од 30 часа за да се запознаат.
Во декември, сосема случајно Џордан го видела Питиурук на Инстаграм и веднаш се заинтересирала за неговото племе.
Му пратила порака на 24-годишното момче со цел да дознае повеќе за животот на момчето и за неговиот начин на живот.
Така тие двајца почнале да комуницираат и да се допишуваат.
Набрзо, Џордан дознала дека убавиот Питиурук, кого светските медиуми го споредуваат со Тарзан, живее во Амазонската прашума во Еквадор, а тој и неговото семејство организираат туристички тури и ги едуцираат луѓето за животот на нивното племе.
По 4-месечно допишување, таа одлучила да замине во Еквадор и да го посети домородецот што ѝ го освоил срцето.
Џордан патувала 30 часа со авион, а потоа уште 5 часа со автобус од главниот град на Еквадор, Кито до Гвајуса Руна, местото каде што живее момчето.
„Кога слетав со авионот сфатив во каква ситуација се наоѓам. Тргнав импулсивно, а требаше да се видам со некој што не го познавам“ – раскажува таа.
Во следните две недели Џордан живеела заедно со Питиурук во прашумата, а со оглед на тоа што таа зборувала само англиски, а тој шпански јазик, нивната комуникација се одвивала преку говор на тело.
„Ако постои искра, воопшто не е важно дали ги зборувате јазиците. Јас никогаш не сум почувствувала таква конекција со некого и знам какви ни се чувствата“ – вели таа.
https://www.tiktok.com/@jordankh_/video/7373354507092249874
По двонеделното патување Џордан морала да се врати дома во Австралија, но нивната приказна не запира тука.
Таа има намера наскоро повторно да се врати и да го посети во џунглата, а во меѓувреме тие одржуваат комуникација на далечина.
Погледнете повеќе фотографии од домородецот што го освои срцето на оваа Австралијка:
Б. С. Б. | Црнобело